Krups — Krups Kitchen Utensils User & Service Manual PDF (EN)

Македонски / Macedonian KRUPS ГАРАНТЕН ЛИСТ За додатоци, резервни делови и кујнски прибор : www.krups.com Различни додатоци, заменски и резервни делови можат да се купат доколку се достапни во локалниот сервис или на начин опишан на интернет страницата на www.krups.com Гаранција KRUPS гарантира дека оригиналните додатоци, резервни делови и прибор се под гаранција во случај на било какви грешки настанати во производството, било на материјалот или во тек на процесот на производство 2 години, од денот на купување или од денот на достава, со исклучок на резервните делови за кои е потребен специфичен алат или технички познавање за поправање, за кои има само 3 месеци комерцијална гаранција.

Интернационалната гаранција на произведувачот ги покрива сите трошоци кои се однесуваат на поправка на неисправен производ до неговото враќање во оригинална состојба, како поправка или замена на неисправен дел и трошоци за стручна работа. По избор на KRUPS производот може да се замени со нов, наместо да се поправи. Со оваа гаранција, KRUPS се обврзува исклучиво на поправка или замена на неисправен производ. Услови и исклучоци KRUPS не е обврзан да поправи или замени било каков производ за кој не постои валиден доказ за купување.

По контактирање со соодветен KRUPS Центар за грижа на корисници и добивање потврда за враќање, производот мора да биде адекватно спакуван и вратен, и препорачано испратен преку пошта (или сличен метод на испраќање), во KRUPS. По добивање на потврда дека производот има дефект, KRUPS или ќе ви го испрати производот поправен, или ќе го замени со нов. Исправните делови ќе бидат испратени назад до барателот, на негово барање и на негов трошок. За да понудиме најдобар постпродажен сервис и да го зголемиме задоволството на купувачите, KRUPS може да испрати анкетен формулар на сите потрошувачи кои поправале или смениле апарат во некој овластен сервис на KRUPS.

Гаранцијата ги покрива само производите кои се купени и користени во домаќинството и не покрива оштетувања кои настанале како резултат на погрешна употреба или користење кое не е во склад со упатството за употреба на KRUPS, измени или поправки кои ги извршило неовластено лице, како и оштетувања настанати како последица од неадекватно пакување од страна на сопственикот на апаратот или неправилен транспорт од страна на курирска служба. Исто така, гаранцијата не покрива абење на материјалот настанато со нормална употреба на производот, како ни одржување или замена на потрошните делови , како ни оштетувања настанати во следните случаи:

- употреба на несоодветен тип на вода - оштетувања или незадоволувачки резултати од користење на апаратот поради напојување со струја со несоодветен напон или фреквенција - каменец (отстранувањето на каменецот мора да се спроведува во склад со упатството за употреба) - несреќи предизвикани од пожар, поплави, громотевици и сл.

- механички оштетувања, преоптеретување - продирање на вода, прашина или инсекти внатре во производот (со исклучок на уредите со специјални функции дизајнирани за фаќање на инсекти) - оштетувања на стаклени или порцелански делови во производот - професионална или комерцијална употреба - дамки, обезбојување и гребаници - употреба во рерна (посебно производи специјално наменети за тоа) - во случај на удирање или паѓање на производот - Изгореници предизвикани поради изложување на топлина или оган - миење во машина за садови (освен производи специјално наменети за тоа) - оштетувања од термални удари Законски права на потрошувачите Оваа комерцијална KRUPS гаранција на ниту еден начин не ги повредува со закон утврдените права кои ги има потрошувачот, ниту оние права кои не можат да се исклучат или ограничат, ниту правата кои купувачот ги има во продажниот објект во кој е купен производот.

Оваа гаранција дава специфични законски права, но потрошувачот може да има и други права кои се разликуваат од држава до држава. Потрошувачот може да бара примена на овие права по сопствена дискреција.