EPSON — Упатство за употреба за касети за мастило

Внимателно прочитајте ги овие упатства за безбедна употреба на касетите за мастило. Исто така, прочитајте ги и другите прирачници доставени со печатачот за да разберете како правилно да ракувате со касетите за мастило. ! Внимание ❏ ❏ Ако мастилото дојде во контакт со вашите кожа, очи или уста, преземете ги следниве дејствија. сушење на мастилото. По монтирањето на касетите за мастило, осигурајте се дека ќе го исклучите напојувањето преку копчето кога не го користите печатачот. Не извлекувајте го струјниот приклучок и не исклучувајте го прекинувачот додека е вклучено напојувањето. • Ако дојде во допир со вашата кожа, веднаш измијте го местото со сапун и вода.

• Ако мастилото ви влезе во очи, веднаш исплакнете ги со вода. Ако не го измиете мастилото, може да резултира со крвави очи или благо воспаление. Ако нешто не е во ред, веднаш консултирајте се со лекар. ❏ ❏ Печатењето на водоотпорна хартија, како на пример колаж хартија, која бавно се суши, може да предизвика дамки од печатење. Исто така, печатењето на масна хартија, може да предизвика отпечатоци од прсти на хартијата или пак, мастилото може да се залепи на вашите прсти кога ќе го допрете. Пред употреба одберете хартија која нема да предизвика дамки од печатење. Во зависност од печатачот, не може да се користат колаж хартија и мрсна хартија.

Проверете ги информациите за тоа која хартија е поддржана од печатачот. Белешки за потрошувачката на мастило • Ако мастилото влезе во вашата уста, веднаш плукнете го и консултирајте се со лекар. ❏ ❏ Чувајте ги касетите за мастило подалеку од дофат на деца. ❏ ❏ Не расклопувајте ја касетата за мастило. Тоа може да предизвика лепење на мастило на очите и кожата. ❏ ❏ Не протресувајте ја пресилно касетата за мастило. Касетата за мастило може да истече ако премногу ја тресете или ако силно ги притискате страните. Упатства за ракување ❏ ❏ Сите бои на мастило се трошат еднакво за активностите на одржување кога касетата за мастило се заменува, како и за чистењето на главата за печатење.

❏ ❏ Употребливите касети за мастило варираат во зависност од бројот на моделот на печатачот. Користете касета за мастило која се совпаѓа со бројот на моделот на вашиот печатач. ❏ ❏ Дури и за еднобојно печатење (печатење на црно-бели слики) се користат сите бои на мастило во активност предвидена со цел да се одржи печатењето и квалитетот на главата за печатење. ❏ ❏ Не допирајте го IC чипот на касетата. Тоа може да предизвика дефект во работата/печатењето. ❏ ❏ Кога мастилото се полни за прв пат (веднаш по купувањето), мастилото се троши за пополнување на прскалките на главата за печатење (дупки за испуштање мастило) за да бидат подготвени за печатење.

Тоа е причината зошто бројот на листови за печатење може да биде помал отколку оној на подоцна монтираните касети. Упатства за складирање и транспорт ❏ ❏ Печатачите користат касети за мастило кои се опремени со IC чип кој ја следи количината на мастило која се користи од секоја касета. Касетите се употребливи дури и ако се отстранат и повторно се монтираат. Меѓутоа, ако се отстрани и повторно се монтира касета за мастило во која има преостанато само мала количина на мастило, таа е неупотреблива. Секој пат кога касетите се монираат се троши по малку мастило бидејќи печатачот автоматски ја проверува нивната исправност. ❏ ❏ Се препорачува ладно и темно место за чување на касетите за мастило.

❏ ❏ Монтирајте ги сите касети за мастило. Печатењето не е можно дури ако недостасува и само една касета за мастило. ❏ ❏ Ако касетата за мастило се чува на ладно место подолг временски период, нека се загрее најмалку три часа пред користењето. ❏ ❏ Бидејќи касетите за мастило се дизајнирани да се запре работата пред мастилото целосно да се потроши за да се задржи квалитетот на главата за печатење, малку мастило останува во искористената касета за мастило. ❏ ❏ Ако печатачот се преместува или транспортира откако ќе се монтираат касетите за мастило, оставете ги монтирани во текот на процесот на преместување или транспортирање.

Упатства за отстранување ❏ ❏ Не исклучувајте го печатачот и не ги отворајте капаците додека се полни мастило. Отворањето на капаците може да предизвика повторно полнење на мастило, што ќе резултира со повеќе потрошено мастило. Исто така, може да предизвика дефект во печатењето. ❏ ❏ Фрлете ги касетите за мастило/кутијата за одржување, соодветно следејќи ги законските и другите прописи на вашата земја и област. ❏ ❏ Не расклопувајте ја и не реконструирајте ја касетата за мастило. Тоа може да предизвика дефект во печатењето. Се препорачува оригинална касета за мастило ❏ ❏ Користењето на стара касета за мастило може да предизвика намален квалитет во печатењето.

Искористете ја во период од шест месеци откако ќе го отворите пакувањето. Рокот за користење на касетите за мастило е отпечатен на амбалажата на поединечните касети за мастило. ❏ ❏ За најдобра изведба на печатачот, се препорачува да се користат оригинални касети за мастило на Epson. Употребата на неоригинални касети за мастило, кои не се на Epson, може негативно да влијае на квалитетот на печатење и да спречи печатачот да ја достигне својата максимална изведба. Epson не може да гарантира за квалитетот и сигурноста на производите кои не се на Epson.

Поправките за какви било штета или дефект на печатачот кои се должат на употребата на неоригинални производи, кои не се на Epson, нема да бидат бесплатни, дури и ако гарантниот период е си уште важечки. ❏ ❏ Може да има малку мастило околу влезот за снабдување со мастило на отстранетата касета за мастило. Внимавајте да не остави дамка на бирото или на друга површина. ❏ ❏ Не отстранувајте ја касетата за мастило, освен кога ќе ја заменувате. ❏ ❏ Не отворајте го пакувањето на касетата за мастило ако не сте подготвени да ја наместите во печатачот. ❏ ❏ Не дозволувајте туѓи тела да паднат во делот за монтажа на касети. Тоа може да предизвика дефект во печатењето.

Отстранете секаков предмет што можеби паднал во делот за монтажа, внимавајќи да не го оштетите делот. ❏ ❏ Прилагодувањето на боите на печатачот се базира на употребата на оригинални касети за мастило на Epson. Користењето на неоригинални касети за мастило може да предизвика намален квалитет во печатењето. Epson препорачува користење на оригинални касети за мастило на Epson. ❏ ❏ Ако го исклучите печатачот со помош на копчето, главата на печатачот автоматски ќе се поклопи, со што ќе се спречи 13 MK Упатство за употреба за касети за мастило